Background

Израел ќе ослободи 183 затвореници

Палестинското движење Хамас денеска им предаде уште тројца израелски заложници на претставници на Црвениот крст во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, објавија медиумите во Израел.

Телевизиите објавија снимки на кои се гледа како радикалната палестiнска група ги ослободува Охад Бен Ами и Ели Шараби, двајцата заробени во Кибуц Беери во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, и Ор Леви, кој беше киднапиран за време на музичкиот фестивал Нова.

Во замена, Израел ќе ослободи 183 палестински затвореници, од кои 18 отслужуваат доживотни затворски казни и 111 заробени за време на војната во Газа.

- Advertisement -
Ad image

 

Десетици маскирани и вооружени палестински милитанти беа стационирани во Деир ал Балах во Појасот Газа, каде што беше планирано заложниците да му бидат предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), кој потоа ќе ги пренесе до израелските сили во Газа. Покрај борците на Хамас, на местото на размена се собра и голема толпа палестински цивили.

Ова е петта размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари. Досега Хамас ослободи 18 заложници, а од израелските затвори се пуштени повеќе од 550 Палестинци.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас ја запре 15-месечната војна во Појасот Газа, во која според палестински извори, се убиени повеќе од 47.000 луѓе.

И покрај некои превирања, примирјето постигнато со посредство на САД и Египет, досега се почитува.

Ненадејниот повик на американскиот претседател Доналд Трамп за Палестинците да се преселат од Газа и Вашингтон да ја преземе контролата врз палестинската енклава за да го претвори Појасот Газа во „ривиера на Блискиот Исток“, сепак, ги зголеми стравувањата дека прекинот на огнот може да пропадне, забележуваат агенциите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation