Свештеник кој секој ден добивал повици од Папата Франциск беше погоден во нападот на единствената католичка црква во Газа, при што загинаа две лица, а неколку беа повредени, пишува „Гардијан“.
Aргентинецот Габриеле Романели, завршил со лесна повреда на левата нога.
Нападот врз црквата „Свето Семејство“ во Газа предизвика реакции во Италија. Првата жена на владата, Џорџа Мелони, го осуди нападот:
„Нападите врз цивилното население што Израел ги спроведува со месеци се неприфатливи. Ниту една воена акција не може да го оправда таквото однесување“, напиша Мелони на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) се огласија со објава во која се вели дека жалат за предизвиканата штета и дека се разгледуваат околностите за инцидентот.
„ИДФ вложува секаков можен напор за ублажување на штетата врз цивилите и цивилните структури, вклучително и религиозните објекти, и жали за секоја штета предизвикана врз нив“.
Според директорот на арапската болница „Ал-Ахли“, по нападот на црквата „Свето семејство“ во критична состојба се најмалку две лица се во критична состојба, а меѓу повредените има и дете со попреченост, две жени и едно постаро лице.
Единствената католичка црква во Газа долги година била засолниште и за христијани и за муслимани, вклучително и лица со попреченост.
Парохискиот свештеник Романели кој беше ранет имал блиска комуникацијата со папата уште од 9 октомври, 2023 година, два дена откако нападите на Хамас врз Израел означија почеток на конфликтот во Газа.
Папата секојдневно му се јавувал на Романели во знак на солидарност, дури и во последните денови од својот живот.
По смртта на Франциск, Романели изјавил:
– Дури и откако беше хоспитализиран, тој продолжи да се јавува за да нè провери. Нашата тага е длабока затоа што изгубивме некого за кого чувствувавме дека станал член на нашата црква (во Газа).