Background

Изминатите девет дена од декември направени се 6.151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода се 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Изминатите девет дена од декември направени се 6.151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода се 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.151 издадени платни налози, 1.573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за возење во забранет правец, пет лица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а четири лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

- Advertisement -
Ad image

Евидентирани се 1.511 прекршоци за непрописно паркирање, 620 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 39 санкции за минување на црвено светло, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 173 санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 349 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 214 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 119 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а 62 поради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 28 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесаат за побезбедни патишта.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation