Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.
Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна:
„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“
На Конкурсот пристигнаа вкупно 69 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11.08.2025 година (понеделник) да се јави во Одделението за култура при Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок од литературното дело.
Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.