На 2 август 2025 година, во Полициската станица Карпош, Р.Л. (42) од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка, Е.Л., утрото околу 07 часот се оддалечила од семејниот дом во непознат правец, носејќи го со себе и своето новороденче.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на малолетната мајка и детето.
На 3 август 2025 година, во 00:10 часот, во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца ОЕ Козле се оддалечил 15-годишниот И.И. од Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Момчето, кое било сместено во установата, самоволно ја напуштило локацијата, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање, информира МВР.