Поранешниот хрватски репрезентативец и член на златната генерација на Вардар од 2017 и 2019, Иван Чупиќ, е нов тренер на Вардар 1961. Тој доаѓа на местото на Гиљермо Милано, а претходно работеше како тренер во Метковиќ.
– Вардар за мене е втор дом. Голем клуб, поголем од сите нас. Целта ми е да ја вратиме титулата таму каде што ѝ е местото – изјави Чупиќ, кој додаде дека е задоволен од засилувањата што ги договорил клубот претходно и дека нема потреба од нови имиња.
На прес-конференцијата, претседателот Михајло Михајловски откри дека постои неизвесност околу иднината на Стојанче Стоилов во стручниот штаб.
– Столе е легенда, но мислам дека моментално не е подготвен да го води тимот. Ќе разговараме со него за можни улоги во клубот – рече Михајловски.
Михајловски призна дека поразот од Пелистер му паднал тешко, но нагласи дека клубот создава конкурентен тим за следната сезона.
– Го освоивме Купот, имавме шанса за ЛШ. Поразот во Скопје ме погоди, но сега сум оптимист. Ќе атакуваме на титулата – додава директорот.
За изборот на Чупиќ рече дека уште како играч покажувал тренерски потенцијал и оти одлуката да му се даде шанса дошла по само еден разговор.
– Го прашав дали сака да биде тренер, рече „доаѓам одма“ – објасни Михајловски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖