Background

Италијанскиот министер се мајтапи, Рим не праќа војска на Гренланд?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Италија одби да се приклучи на европската мисија во Гренланд, откако министерот за одбрана Гвидо Кросето ја исмеа иницијативата што требаше да ја покаже европската солидарност со Данска, пишува Aнса.

- Advertisement -
Ad image

– Гренланд. Се прашувам зошто. Патување? Петнаесет Французи, петнаесет Германци – звучи како почеток на шега– рече тој во Рим, со потсмев што го одекна низ европските медиуми.

Кросето јасно стави до знаење дека Италија нема да учествува во мисијата и го повика НАТО да ги координира ставовите на земјите-членки за да се избегнат фрагментирани или симболични акции.

Сличен став изрази и премиерката на Италија Џорџа Мелони. Таа во петокот го повика НАТО да развие „координирано присуство“ во арктичкиот регион за да спречи тензии и да одговори на „мешање од други актери“, објави Ројтерс.

Во писмо прочитано за време на презентацијата на италијанскиот владин документ за Арктикот, Мелони рече дека регионот станува сè поважен поради развојот на нови морски патишта и неговите огромни „енергетски и минерални ресурси“.

– Ние (Италија) сме земја набљудувач во Арктичкиот совет и отсекогаш сме го почитувале меѓународното право, почнувајќи од Конвенцијата на ОН за правото на морето – рече Мелони.

Во писмото се посочува на обновениот фокус на Русија на Арктикот, што вклучува зголемување на нејзиното воено присуство таму.

„Овој поасертивен став… во комбинација со јасната демонстрација на кршењето на принципот на неповредливост на границите прикажано во Украина, прво ги натера НАТО, а потоа и Европската Унија да реагираат“, се вели во документот.

Оваа недела неколку европски земји, меѓу кои Франција и Германија, испратија симболичен број војници во Гренланд како знак на поддршка на Данска, која го смета островот за своја автономна територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, повторно ги разниша трансатлантските односи со изјавата дека „Гренланд мора да биде под американска заштита“, бидејќи го смета островот за стратешки клуч за безбедноста на САД поради резервите на редки минерали.

Трамп не ја исклучи ниту можноста за употреба на сила, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу Европа и Вашингтон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation