Background

Истражувачите изолирале ситни честички во количина еквивалентна на пластична лажица

Ситни парчиња пластика познати како микропластика, се пронајдени насекаде, од врвот на планините до дното на океаните, во воздухот што го дишеме и во храната што ја јадеме. Тие се откриени и низ човечките тела, во белите дробови, срцата, плацентите, па дури ја поминале и крвно-мозочната бариера.

Сеприсутните мали фрагменти од пластика, сега се потврдени во човечкиот мозок, но научниците нагласуваат дека е сè уште рано да се зборува за последиците што можат да ги имаат врз здравјето. Нивната вистинска опасност останува предмет на истражување.

Прашањето за микропластиката стана една од клучните теми пред претстојната рунда преговори на ОН во Женева за глобален договор за борба против загадувањето со пластика. Студија објавена во списанието Nature Medicine, која анализирала мозочно ткиво од починати лица од американската држава Ново Мексико, привлече особено внимание на јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Студијата се појави во насловните страници низ целиот свет кога водечкиот истражувач, американскиот токсиколог Метју Кампен, им изјави на медиумите дека во мозоците откриле микропластика еквивалентна на една пластична лажица.

Кампен, исто така, изјави за „Nature“ дека проценил дека истражувачите можеле да изолираат околу 10 грама пластика од дониран човечки мозок – споредувајќи ја таа количина со неискористена боичка, објавува Science Alert.

И покрај интересот на јавноста, многу експерти повикуваат на претпазливост. Токсикологот Теодор Хенри од Универзитетот Хериот-Ват предупредил дека ова е ограничена студија што треба да се потврди со дополнителни истражувања, додека професорот по хемија Оливер Џонс од Универзитетот RMIT нагласил дека во моментов нема доволно податоци дури ни за локални, а камоли за глобални заклучоци. Според него, учесниците во студијата биле здрави пред нивната смрт и нема докази дека микропластиката предизвикала каква било штета.

Слични опсервациски студии, како оние објавени во New England Journal of Medicine, покажале  врска помеѓу акумулацијата на микропластика во крвните садови и поголемиот ризик од срцеви и мозочни удари, но причинско-последичната врска сè уште не е потврдена.

Експериментите врз животни, вклучително и студиите врз глувци, покажале дека микропластиката може да стигне до мозокот и да предизвика одредени реакции, но експертите нагласуваат дека резултатите кај животните не се директно применливи за луѓето.

Светската здравствена организација заклучила во својот преглед од 2022 година дека нема доволно докази за да се процени здравствениот ризик, но многу научници повикуваат на превентивна акција.

Најновиот извештај од Барселонскиот институт за глобално здравје предупредува дека политичките одлуки не треба да чекаат на дефинитивни податоци, туку треба веднаш да се работи на намалување на изложеноста, подобрување на методологијата на тестирање и заштита на најранливите групи од населението.

Глобалното производство на пластика се дуплираше од 2000 година, а се предвидува дека ќе се зголеми тројно до 2060 година ако продолжат сегашните трендови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation