Истражителите копаат по документите се проверува законитоста на работењето на „Пулс“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда.

На сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата синоќа беше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, и како што соопшти Обвинителството дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

„Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, информираа вчера од Обвинителството.

Во дискотеката „Пулс“ во Кочани рано утринава во неделата во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Меѓу загинатите се и членови на бендот „ДНК“ кој настапувал таа вечер.

Share This Article