Косовската агенција за борба против корупција започна истрага за претседателката на Косово. Вјоса Османи, која често се споменува во јавноста за нејзиниот животен стандард, купи куќа во луксузна населба на периферијата на Приштина.
Агенцијата ќе го истражува имотот на Османи, откако беа пронајдени значителни разлики во декларацијата за имотот помеѓу 2024 и 2025 година, потврдиле извори од Агенцијата за „Vox Kosova“. Промените главно се однесуваат на зголемување на заштедите, како и на зголемување на износот на пријавени парични средства.
Покрај луксузната куќа близу Приштина, Османи поседува и неколку други имоти, вклучувајќи имот во Австралија, каде што само една куќа вреди повеќе од половина милион евра. Исто така, во минатогодишната анкетна листа за имотот, таа навела дека таа и нејзиниот сопруг поседуваат стан во Приштина, како и земјиште и уште една куќа во Австралија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖