Background

Исплатени се субвенции за градинарски производи и млеко

Денеска се исплатени повеќе од 407 милиони денари (6,6 милиони евра) на околу 8 000 земјоделци, информира на прес конференција министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Префрлени се повеќе од 259 милиони денари на 4.143 производители за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Поддршката е 3 денари за килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката „куртовска капија“ за која директните плаќања се 5 денари за килограм. Се работи за производствоп предадено во периодот од мај до јуни, односно од ноември до декемви 2024 година.

-Оваа мерка е клучна за поддршка на нашите градинари кои се посветени на квалитетно производство наменето за преработка – рече Трипуновски.

- Advertisement -
Ad image

Тој информира дека денеска се исплатени и повеќе од 147 милиони денари на 3.686 земјоделци за произведено и предадено кравјо, козјо и овчо млеко.

Поддршката е 6 денари за литар кравјо и 7 денари за литар овчо и козјо млеко. Исплатите се однесуваат за периодот јануари, февруари и март 2025 година.

– Од почеткот на мојот мандат во Министерството се исплатени повече од 11 милијарди денари што е доволен доказ за нашата посветеност кон земјоделството. Нашата заложба за зголемена конкурентност на домашното производство продолжува. Покажавме дека ги градиме темелите на промените и дека го вреднуваме трудот на земјоделците – рече Трипуновски.

Тој смета дека поддршката има ефект кога се исплаќа навреме.

-Минатата една година со оваа континуирана исплата, според статистиката, порасна домашното производство, но и извозот. Еден од примерите е пченицата. Жетвата заврши и согласно нашата евиденција, ожнеани се над 280.000 тони што е враќање на нормалното ниво, колку што се домашните потреби. Ова е доказ дека земјоделците гледаат партнер во Владата – рече Трипуновски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation