Исламабад се повикува на правото на самоодбрана според Повелбата на ОН

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пакистан предупреди дека го задржува правото да одговори на Индија „во време, место и начин што таа ќе го избере“ за да се одмазди за загубата на цивилни животи и „кршењето“ на нејзиниот суверенитет, повикувајќи се на Член 51 од Повелбата на ОН, пишува Би-Би-Си.

Вооружените сили на земјата, се вели во соопштението, се „целосно овластени“ да спроведуваат „соодветни дејствија“. Соопштението уследи по состанокот на Комитетот за национална безбедност (НСБ) на Пакистан, со кој претседаваше премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф.

Шариф ги осуди нападите, им изрази сочувство на роднините на загинатите во нападите и вети дека ќе се справи со „сериозните случувања што произлегоа од неиспровоцираниот, кукавички и незаконски воен чин на Индија“.

Нападите, кои се случија ноќе, предизвикаа тешко артилериско гранатирање по должината на де факто границата меѓу двете земји.

Според властите во Њу Делхи најмалку 10 лица загинале, а 32 се повредени во вкрстениот оган, додека Исламабад вели дека 26 лица се убиени, а 46 се повредени во индиските воздушни напади и пукањето по должината на границата.

Во најновото ажурирање на информациите, Би-Би-Си пренесува дека индиските власти велат дека бројот на жртви од индиската страна е зголемен на 15 граѓани и 43 повредени.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако Индија започна серија воздушни напади во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација, како одмазда за смртоносниот напад на милитантите во делот од Кашмир управуван од Индија.

Индија тврди дека успешно гаѓала 9 локации, кои ги опишала како „терористичка инфраструктура“ на начин што „не го зголемува онфликтот“, без да гаѓа никакви пакистански воени објекти.

Од друга страна, Исламабад го обвини Њу Делхи дека гаѓал цивилни цели и рече дека го задржува правото да одговори „во време, место и начин што ќе го избере“. Индија одговори дека „нема извештаи за цивилни жртви во Пакистан“.

- Advertisement -
Ad image

Пакистанските власти тврдат дека шест локации биле цел на нападот и дека собориле пет индиски борбени авиони. Индија не коментираше за ова.

Пакистан ги отфрли тврдењата на Индија дека поставил терористички кампови на нејзина територија, повторувајќи дека обвинувањата се неосновани.

Односите меѓу Индија и Пакистан нагло се влошија по смртоносниот милитантен напад минатиот месец во кој загинаа 26 лица во Пахалгам во делот од Кашмир управуван од Нидија. Индиските власти велат дека пронашле врски меѓу напаѓачите и Пакистан, обвинение кое Исламабад претходно силно го негираше.

- Advertisement -
Ad image

Оттогаш, двете земји најавија низа одмазднички мерки една против друга, вклучително и затворање на границите и суспендирање на договорот за речните води. Војниците од двете страни, исто така, разменија оган со лесно оружје.

Речиси 550 закажани летови се откажани во Индија и Пакистан по воздушните напади.

Share This Article