Ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик и се сели во Полска и Португалија, а британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе го намали бројот на вработени, објави телевизија Телма.
Од компанијата „Аптив“ која во Бунарџик работи од 2016 година и има 500 вработени, ја објаснуваат одлуката со оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на глобалниот пазар, па производство од Бунарџик ќе го селат производството во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија ќе го затворат.
За вработените е изготвен план за поддршка кој ќе се реализира според македонските закони.
Британскиот гигант „Џонсон Мети“ кој е најголем извозник од Македонија, го намалува бројот на вработени.
Од компанијата, за телевизијата изјавија дека ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања на автомобилскиот пазар.
Од ТИРЗ , пак тврдат, дека сè уште не добиле ништо официјално за плановите на двете компании.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
