Преговорите со САД не можат да почнат додека не се исполнат два клучни услови, прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатите ирански средства, порача денеска претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, кој заедно со министерот за надворешни работи Абас Арагчи е дел од иранската делегација што ќе преговара во Пакистан со американските претставници.
„Две мерки за кои страните меѓусебно се согласија сè уште не се спроведени – прекин на огнот во Либан и ослободување на блокираните ирански средства пред почетокот на преговорите. Тие две прашања мора да се исполнат пред да можат да започнат преговорите, напиша Галибаф во објава на Икс.
Арагчи изјави дека САД мора да ги исполнат своите обврски според прекинот на огнот, вклучително и тоа дека примирјето се однесува и на Либан.
Арагчи го изјави ова во телефонски разговор со иранскиот амбасадор во Либан, Мохамед Реза Шибани.
Тој го осуди продолжувањето на израелските напади во Либан и нагласи дека тие мора да престанат во согласност со договорот за прекин на огнот.
Иранската војска денеска соопшто дека „ги држи прстите на чкрапалото“ поради постојаното „кршење на довербата“ од страна на САД и на Израел, објави Централната команда на Хатам ал-Анбија. Военото тело додаде дека Иран нема да се откаже од Ормускиот Теснец, врз кој ја презеде контролата
Во меѓувреме, нема знаци за забавување на израелските напади врз Либан. Израел продолжи со нападите низ јужен Либан, од западната долина Бека до Набатија, каде што повеќе од 10 припадници на либанските државни безбедносни сили се убиени во еден напад.
Според достапните информации, членовите на либанската цивилна одбрана сè уште бараат преживеани и копаат низ урнатините.
Напади се регистрирани и во југозападната област, каде што израелската војска вршо контролирани уривања.
Хезболах, пак, испали нова тура ракети кон Израел.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
