Background

Иранскиот парламент одобри монетарна реформа со која ќе се отстранат четири нули од националната валута, ријал, во наредните години за да се олеснат трансакциите по годините висока инфлација

Иранскиот парламент одобри монетарна реформа со која ќе се отстранат четири нули од националната валута, ријал, во наредните години за да се олеснат трансакциите по годините висока инфлација.

Повеќегодишната инфлација  повисока од 35% доведоа до драстичен пад на вредноста на иранскиот ријал, кој се разменува на слободниот пазар по курс од 1.150.000 ријали за еден американски долар, што им отежнува на граѓаните да ги разберат сметките и финансиските извештаи.

Парламентот го усвоил законот откако биле решени приговорите на Советот на чуварите, а предлогот за реформа бил во тек неколку години.

- Advertisement -
Ad image

– Валутата останува ријал, а промените нема да се случат преку ноќ. Централната банка има до две години да го подготви теренот за оваа промена. После тоа, ќе има преоден период од три години во кој двата апоени ќе се користат паралелно – изјави Шамсолдин Хосеин, претседател на парламентарниот комитет за економија.

Тој додаде дека овој потег ќе ги олесни дневните финансиски трансакции и пресметки, бидејќи високата инфлација драстично ја намали практичната вредност на банкнотите.

Сепак, одлуката останува предмет на дебата.

– Репутацијата на националната валута не се враќа со бришење на четири нули. Ова може да се постигне само со зајакнување на реалната вредност на валутата – изјави иранскиот пратеник Хосеин Самсами.

Неколку земји се обидоа да ги отстранат нулите од своите валути поради високата инфлација. На пример, Венецуела постојано спроведуваше слични монетарни реформи во последните години, но сè уште се соочува со висока инфлација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation