Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, објавија властите во двете земји.

– Нова серија напади во рамките на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија, осврнувајќи се на одмаздничките напади на Иран врз Израел откако израелските авиони погодија повеќе цели на иранска територија во четвртокот навечер.

Новиот напад го потврдија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области на Израел откако детектираа ракети истрелан од Иран кон Израел. Во моментов, израелските воздухопловни сили работат на нивно пресретнување за да се отстрани заканата“, соопшти прес-службата на ИДФ, повикувајќи ги граѓаните да ги следат упатствата на војската и да одат во засолништа.

Сирени за воздушен напад се огласија низ Израел, вклучувајќи ги Тел Авив и Ерусалим принудувајќи ги жителите да бегаат во засолништа додека последователни бранови ирански ракети се движеа по небото, а израелските пресретнувачи се кренаа да ги пресретнат.

 

Израелските медиуми објавуваат дека експлозии може да се слушнат во Тел Авив и Ерусалим.

 

Израелските медицински служби соопштија дека две лица загинале, а 19 се ранети откако иранска ракета го погодила станбен објект во централен Израел.

- Advertisement -
Ad image

 

Претходно, Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст, изјави за локалната телевизија Канал 12 дека една жена е во сериозна состојба, а неколку лица се под урнатини на погоден објект.

Според израелскиот весник „Џерусалем пост“, бројот на жртви од гранатирањето на Исламската Република е еден мртов и 63 ранети. Весникот посочува дека повеќето од иранските ракети биле соборени или не ги достигнале своите цели.

- Advertisement -
Ad image

Портпарол на израелската војска изјави дека повеќето од иранските ракети биле пресретнати, но некои успеале да погодат цели, особено во централен Израел, вклучително и Тел Авив.

Остатоци од пресретнатите проектили предизвикале дополнителна штета на неколку домови.

Како одговор, израелската војска објави дека ќе ги продолжи своите операции против цели во Иран.

 

Во Техеран, системите за воздушна одбрана биле повторно активирани во текот на ноќта. Локалните медиуми објавија дека имало експлозии во централните и североисточните делови на иранската престолнина.

Израелските воздушни напади врз Иран оштетиле делови од надземната инфраструктура на нуклеарниот објект во Натанц, каде Иран збогатува ураниум до 60 отсто, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Share This Article