Иран ќе се повлече од договорот за примирје доколку денешниот напад на Израел врз Либан продолжи, објави иранската новинска агенција Тасним. Според агенцијата, двонеделното примирје постигнато меѓу САД и Иран е за сите фронтови, вклучително и Либан, јавува Ројтерс.
Неколку медиуми во Иран објавија дека примирјето е прекршено од страна на Израел поради масовниот напад на 100 цели во Либан од страна на Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на ноќта изјави дека Либан не е дел од двонеделното примирје постигнато меѓу САД и Иран. Истата порака ја пренесе и порталот „Аксиос“цитирајќи ја портпаролкта на Белата куќа.
Израелската војска, пак, соопшти дека операциите против Хезболах таму ќе продолжат. Од друга страна, според иранската Прес ТВ, Иран соопшти дека ќе го казни Израел за нападите.
Иранската новинска агенција Фарс објави дека танкерите за нафта што минуваат низ Ормускиот теснец биле запрени откако Израел го прекршил прекинот на огнот.
Претходно беше објавено дека првите танкери поминале низ Теснецот. Иран ќе ја задржи контролата врз преминот во Теснецот поради раните знаци дека сообраќајот полека се зголемува по прекинот на огнот, објави ИРИБ цитирајќи го шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи.
– На бродовите им е дозволено да минуваат помеѓу два ирански острови и да влегуваат во иранските територијални води само откако ќе добијат официјална дозвола – изјавил Арагчи велејќи дека за бродовите е потребна координација со Иранската револуционерна гарда „во согласност со техничките ограничувања“.
„Волстрит Џурнал“ цитираше член на екипажот на еден брод кој рекол дека добиле порака преку радио дека ќе се побара дозвола од морнарицата на Гардата за да помине.
– Без дозвола, бродот ќе се соочи со уништување – изјавил човекот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека услов за прекин на огнот е „целосно, итно и безбедно отворање на Ормускиот теснец“.
Според веб-страницата за следење бродови MarineTraffic, сообраќајот во Ормускиот теснец полека се подобрува. На постигнатото примирје меѓу САД и Иран позитивно реагираа и светските берзи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
