Background

Иран изгубил голем дел од ракетниот арсенал и не е потребна копнена инвазија од страна на САД

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Иран изгубил голем дел од ракетниот арсенал и не е потребна копнена инвазија од страна на САД, изјави во телефонски интервјуа американскиот претседател Доналд Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Во интервју за телевизијата „Ен-Би-Си“, Трамп рече и дека САД сакаат целосна промена на раководството во Иран. Додаде дека во Вашингтон размислуваат за неколку можни кандидати.

– Сакаме да влеземе и да исчистиме сè – рече Трамп во телефонски разговор.

„Имаме неколку луѓе“

Американскиот претседател откри дека има луѓе кои, според него, би можеле да ја водат земјата. Сепак одби да открие имиња.

– Имаме неколку луѓе за кои мислам дека би биле одлични за работата – изјави Трамп.

Тој потврди дека се преземаат мерки за нивна безбедност. Според него тие лица треба да ја преживеат војната и да имаат улога во идниот политички поредок.

Во интервју за „Аксиос“ Трамп изјави дека сака да биде вклучен во изборот на нов лидер.

„Изгубија сè што можеше да се изгуби“

Американскиот претседател ја отфрли можноста за копнена операција. Изјавата беше реакција на коментарите на иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

Иранскиот министер претходно тврдеше дека земјата е подготвена за копнена инвазија од страна на американските и израелските сили.

– Тоа е губење време. Тие изгубија сè. Ја изгубија морнарицата, изгубија сè што може да се изгуби – изјави Трамп.

Тој додаде дека темпото и интензитетот на нападите ќе продолжат.

Синот на Хамнеи или некој од Исламската гарда?

Политичката сцена во Иран е нестабилна. Причина е смртта на врховниот лидер Али Хамнеи минатиот викенд.

Се шпекулира дека неговиот син Моџтаба Хамнеи би можел да го наследи. Аналитичарите, пак, предупредуваат дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда би можел да го зголеми влијанието.

„Не се плашам, пак ќе паднат цените на нафтата“

Трамп исто така изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот во земјата поради војната со Иран.

– Немам никакви загрижености за тоа. Тие ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, нека се зголемат, но ова е многу поважно од мало зголемување на цените на бензинот – рече шефот на САС во интервју за Ројтерс.

Војната со Иран доведе до зголемување на цените на бензинот за околу 20 центи за галон, или за седум проценти за неколку дена.

Трамп додаде дека нема планови да ги користи Националните стратешки резерви на нафта, најголемите светски резерви за итни случаи складирани во подземни пештери за сол во Луизијана и Тексас.

„Би ја затворил владата поради тоа“

Покрај надворешната политика Трамп зборуваше и за домашните политички прашања. Тој го критикуваше Конгресот што не го усвоил Законот SAVE America.

Предлогот бара нови правила за регистрација на гласачи. Меѓу нив и доказ за американско државјанство.

– Јас би ја затворил владата поради тоа. За мене тоа е фундаментално верување – изјави Траот лидер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation