Претседателот Доналд Трамп преку социјалните мрежи соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат блиска соработка со Иран, за кој оцени дека поминал низ „многу продуктивна промена на режимот“.
Според неговите наводи, во земјата повеќе нема да има збогатување ураниум. Трамп истакна дека САД, во соработка со иранските власти, ќе го отстранат сиот длабоко закопан нуклеарен „прав“. Тој додаде дека локациите биле под прецизен сателитски надзор на Вселенските сили и дека ништо не е допрено од датумот на нападот. Во објавата се наведува дека во тек се преговори за олеснување на тарифите и санкциите кон Иран. Претседателот Трамп информираше дека веќе е постигната согласност за голем дел од предвидените точки од договорот.
Во меѓувреме, иранската новинска агенција Тасним објави дека став на Техеран е дека конечниот договор меѓу Иран и САД мора да биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Според агенцијата, планот од 10 точки предложен од Иран, кој ќе биде основа за идните преговори со САД, предвидува дека сите можни договори мора да бидат одобрени со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Усвојувањето на таква резолуција би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и, како што се вели, би претставувало значајна дипломатска победа за иранскиот народ.
Овој предлог договор усвоен на два часа пред крајот на ултиматумот на Трамп донесе двонеделно примије по што очекувањата се дека конечно ќе заврши војната на Блискиот исток.
Најавите за прекин на војната резултираше со нагло намалување на цените на суровата нафта на светските берзи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
