Интензивна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Валандовскиот регион, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Се издвојува една многу силна грмотевична клетка во реонот на Валандово, која што укажува на екстремно силни врнежи, многу голем град и силни ветрови, се наведува во објавата на Управата на Фејсбук.
Според УХМР, општата метеоролошка активност во Македонија покажува тренд на слабеење и поместување кон југоисток.