Додека целокупната јавност со нетрпение чека надлежните институции да се изјаснат околу проверката на работењето на фамозниот „Охрид Трчат”, државниот апарат демонстрира загрижувачка пасивност. Одговорите од јавен карактер од раководителот на секторот за општествени дејности од Општина Охрид, Јоне Станкоски, остануваат недостапни, додека подбивањето со државниот систем од страна на Станкоски и дружината „Охрид Трчат” очигледно достигнува нови нивоа,им набиваат нови рогови од Дубровник?!
Во услови кога клучните државни институции – Министерството за внатрешни работи, Јавниот обвинител Коцески и Управата за јавни приходи – се двоумат дали да постапат или не, дали воопшто да го контролираат работењето на „Охрид Трчат”, „Фестивал на водени спортови Охрид” и останатите поврзани субјекти, Јоне Станкоски и неговата дружина наоѓаат време да заминат во Дубровник на ново трчање.
Секако дека јавноста ќе мора да причека државната институција Општина Охрид и нејзиниот раководител Јоне Станкоски да најдат слободно време за да одат на работното место и да одговорат на прашањата кои им ги достави редакцијата. Поточно, кога конечно ќе најде слободно време за да ја извршува својата работна обврска? До тогаш, најголемиот сектор во Општина Охрид очигледно ќе мора да почека со своите законски активности.
Зошто МВР, Јавното обвинителство, УЈП и другите државни институции глумат лудило и бегаат од својата одговорност – тоа останува прашање вредно милијарда долари за кое граѓаните заслужуваат итен одговор.
С.Денесовски