Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови, информираше владината прес-служба.
„Ве информираме дека во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации“, се вели во соопштението.