Сите институции се излезени на терен и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски во однос на тоа дали инспекторите излегле на терен поради високите цени во маркетите.
– Повеќе информации со јавноста ќе можам да споделам од понеделник, но можам да кажам дел од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме – рече Мицкоски.
Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, но истовремено да не ја нарушиме пазарната економија вели премиерот.
– Во овие моменти треба сите заедно да работиме да излеземе како победници од целата оваа оваа ситуација, и мислам дека ќе излеземе како победници – истакна претседателот на владата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
