Background

Информативно-едукативна средба за Законот за работно ангажирање на лица „Фер Ангажман“ во Прилеп

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески во Прилеп одржа Информативно-едукативна средба со претставници на угостителскиот сектор, земјоделци и стопанственици од Прилеп и регионот, на која беше презентиран Законот за работно ангажирање на лица како нов модел на фер и законски уреден сезонски и повремен ангажман.
Средбата се организираше во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“ од проектот “Подобри услови за вработување на сезонските работници во регионот на ЈИЕ”. Проектот е поддржан од Сојузна Република Германија, а го спроведуваат Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.
Целта на работната средба е јасно и практично да ги информира работодавачите од секторите на дејност земјоделие, туризам, угостителство, услуги во домаќинството, како и пошироката јавност за придобивките и правата уредени со Законот.
Заменик-министерот Ристески истакна дека ова законско решение е уште една алатка во борбата за формализација на сивата економија што е стратешка определба на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, бидејќи директно влијае на економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците.
– Со новиот закон воведуваме пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Новите правила овозможуваат ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери без губење на веќе стекнати права, вклучително и социјални и детски права, паричен надоместок, пензии и права од образовниот систем – кажа заменик-министерот Ристески.
На средбата за предностите од новиот закон за вработените и работодавачите дискутираа и Александра Караевска-Димовска – советник во GIZ и Марија Ристеска – извршна директорка на ЦИКП, како и стручни лица од Министерството за економија и труд, Агенцијата за вработување, Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
Законот за работно ангажирање на лица во оваа фаза ги опфаќа секторите каде сивата економија е најизразена – земјоделство, шумарство, рибарство, сместување, сервисни дејности за храна и активности во домаќинствата, а се очекува да опфати околу 17.400 лица.
Граѓаните и работодавачите од дејностите преку надградениот систем за пријава и одјава на Агенцијата за вработување – „е-Работа“ (https://e-rabota.av.gov.mk/) имаат можност да го искористат ова право за воспоставување на фер ангажман.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation