Background

Инфлацијата се доближи до историскиот просек од 2,6%

И покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно се зачува, па дури и зајакна макроекономската стабилност, којашто претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел.

Таа се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

Гувернерката нагласи дека иако процесот на приближување кон европските  процеси се засилува, тој сè уште се одвива бавно, при што доходот во нашата економија изнесува околу 43% од просекот на ЕУ. Како најотворена економија во регионот и економија со највисока енергетска зависност, инфлацискиот шок од светските пазари се пренесе со голема сила, по што инфлацијата се искачи до 20%. Но,  благодарение на соодветната монетарна политика и стабилизацијата на цените на светските суровини, инфлацијата повторно е сведена блиску до историскиот просек од 2,6%, што е поддржано и од високата доверба на јавноста во централната банка – потврдено и во истражувањата на меѓународните финансиски институции.

- Advertisement -
Ad image

– Важен столб на стабилноста е одржувањето стабилен девизен курс, за што е потребно соодветно ниво на девизни резерви. И покрај силните притисоци и интервенции на девизниот пазар, резервите сега се повисоки за околу 40% во однос на претпандемичниот период, што е силна заштита од идни потенцијални шокови – рече Ангеловска-Бежоска.

Таа рече дека финансиската стабилност на земјата  е зајакната преку значителното зголемување на стапката на адекватност на капиталот, којашто е меѓу највисоките во регионот и ЕУ, како и преку целосната регулативна рамка за управување со кризи. Приклучувањето кон СЕПА претставува историски исчекор за банкарскиот систем и за целата економија.

Сепак, Ангеловска-Бежоска предупреди дека макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи, особено во сегашниот контекст на висока неизвесност и сѐ поголеми геополитички тензии.

– Глобализацијата беше двигател на конвергенцијата на доходот и за нашиот регион. Нашите процени покажуваат дека деглобализацијата би можела да го намали растот и до 5 процентни поени, зависно од сценариото – рече  таа наведувајќи дека овие промени во светот отвораат и нови можности.

Таа смета дека и натаму особено треба да се внимава на структурните слабости, иако досега не се забележани значителни негативни ефекти, а странските директни инвестиции се зголемуваат и достигнуваат рекордно високо ниво.

– Во последните 15 години, растот на продуктивноста на Западен Балкан беше под 2% и главно не потекнуваше од иновациите, туку од прераспределбата на ресурсите. Тоа ја истакна потребата од повеќе иновации, технолошки напредок, но и зајакнување на институциите и деловната клима – рече таа додавајќи дека и сега, и во иднина најважна ќе биде поддршката од европските и меѓународните финансиски институции.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation