Индиската агенција за вработување во странство Jobstars India објави оглас во кој се нудат 7 вода на работни места во Македонија за плата од 550 до 850 евра во зависност од видот на работните задачи.
Според огласот, работниците кои ќе се пријават за работа во Македонија ќе добијат бесплатно сместување и храна.
Највисок износ на плата им се нуди на инжинери, меѓу 750 и 850 евра потоа на заварувачи и возачи со Ц категорија меѓу 550 и 700 евра месечно. Од 550 до 650 евра плата ќе добијат хигиеничари, ѕидари, керамичари, ѕидари со природен камен.
Во огласот не се наведува колкав број работници се бараат.
Агенцијата го објави огласот и на социјалните мрежи Фејсбук и Икс.