Именувани членови на Програмскиот совет на МРТВ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонското Собрание во рамки на за денеска закажаната и продолженијата на три веќе започнати седници – 47, 48 и 52, гласаше и усвои неколку одлуки и закони за кои беше потребно двотретинско мнозинство, но и мнозинство гласови од етничките заедници кои не се мнозински.

Во рамки на 47-та седница со двотретинско мнозинство беше изгласана Одлуката за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија, за која гласаа 91 пратеник од вкупниот број пратеници, но и 20 од помалите етнички заедници.

Претходно со двотретинско мнозинство помина Одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ, за која гласаа 90 пратеници, а пет беа против. За Одлуката гласаа и 20 пратеници од немнозинските етнички заедници, а четири беа против.

Во рамки на продолженијата на започнатите седици беа донесени законите за изменување на Законот за култура и за измени и дополнувања на Законот за заштита на децата.

Потоа Собранието се врати да расправа по точките од за денеска закажаната 55. седница. Притоа беза усвоени Предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, согласно кој Фатих Алиу стана негов член, Предлог-одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти, но и Предлог-одлуката за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во рамки на оваа седница беа усвоени и повеќе закони кои беа во второ читање како Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, законот за за изменување на Законот за волонтерството, Законот за изменување на Законот за младински додаток, Дополнетиот Закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа.

Македонското Собрание претходно во рамки на оваа 55. седница го донесе Законот за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) и Прешево (Република Србија).

На дневен ред на оваа седница останаа закони кои беше предложено да бидат донесени по скратена постапка, за кои треба да расправаат матичните тела, а поради немање услови не беше усвоена ниту Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Претседателот на Собранието ја прекина 55. седница и најави дека за продолжението пратениците ќе бидат дополнително известени. 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article