Има заинтересирани инвеститори кои сакаат да изградат саем во Скопје, рече Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на вчерашното гостување на ТВ Сител.
– Имавме една таква иницијатива на барање на оние луѓе коишто работеле во Скопски саем, има заинтересирани инвеститори коишто сакаат да го изградат и да го стопанисуваат саемот, а повторно ние како држава да имаме саем, а да не платиме ништо за тоа. Во моментот сме во потрага по соодветно земјиште и соодветна локација. Очекувам дека за скоро време ќе имаме таква локација и ќе добиеме Скопски саем – рече Томовски.
Според него, Македонија и Косово се единствените држави во регионот кои немаат саем.



























