Млад жител на неготинското село Пепелиште пријавил во полиција напад од три лица, а според пријавеното, нападнати биле и неговите родители и баба му, информира МВР.
„Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет. Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата“, соопштија од СВР Велес.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
