Топ Вести - Слушај сега
Во духот на христијанството, заедништво и почитување на вековната традиција, Охрид денеска достоинствено го одбележа празникот Богојавление – Водици, кој и годинава привлече илјадници верници и гости.
Централните празнувања започнаа во раните утрински часови со празнични литургии во сите парохиски храмови, по што традиционалните литии се упатија кон градското пристаниште.
Во присуство на голем број верници, свештенството и претставници на институциите, чинот на положување на Светиот крст во водите на Охридското Езеро го изврши Митрополитот Дебарско-кичевски, владиката Георгиј.
Светиот крст од езерските води го извади Мартин Гоџо од населбата Варош. Тој беше даруван од градоначалникот Кирил Пецаков, кој му упати честитки и желби за здравје, среќа и благосостојба. Честитки на Гоџо лично му упатија и претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Дафкова, како и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Прославата продолжи со културно-забавна програма на плоштадот „Св. Климент Охридски“, каде настапија фолк изведувачите Елена Андоновска и Елена Велевска.
Во рамки на манифестацијата, Црвениот крст – Охрид ја реализираше традиционалната крводарителска акција „Една капка може да промени се“, а нивни екипи, заедно со нуркачките клубови и надлежните институции, се грижеа за безбедноста на капачите.
Манифестацијата беше организирана од Општина Охрид и Дебарско-кичевска епархија.
Утре на 20-ти јануари, во чест на празникот Свети Јован Крстител на месноста Сараиште со почеток во 12 часот ќе се одржи манифестацијата Денот на рибарите. Во рамки на програмата ќе настапат изведувачи од Охридскиот музички еснаф.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
