Илјадници пилиња се разбегале на автопатот близу Магдебург откако камионот, кој ги превезувал, се превртел, јави ДПА.
Причината за несреќата засега не е позната, а товарот на камионот изнесувал 15 тони. На местото на настанот интервенирале ветеринари за да ги соберат животните.
По несреќата, сообраќајот во тој дел на автопатот беше блокиран, а возачот на камионот помина без телесни повреди.



























