И британскиот премиер ќе дојде на состанокот кај Макрон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британскиот премиер Кир Стармер нагласи синоќа дека Европа мора да има поголема улога во НАТО и дека неговата земја ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно и дека не треба да дозволат поделбите да ги одвратат од „надворешните непријатели“, јави Би-Би-Си.

Коментарот на Стармер дојде откако претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на Минхенската безбедносна конференција претходно во саботата изјави дека за Европа нема да има место на маса во мировните преговори за Украина.

Се очекува во наредните денови високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија.

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати изјавија дека средбата најверојатно ќе се одржи в понеделник.

Според Би-Би-Си, се очекува Стармер да присуствува на состанокот во Париз.

– Европа мора да преземе поголема улога во НАТО додека работиме со САД за да ја обезбедиме иднината на Украина и да се спротивставиме на заканата од Русија – рече Стармер, пренесе Би-Би-Си.

Медиумот, исто така, ја цитираше изјавата на Стармер дека Британија „ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно“.

Стармер додаде дека двете земји не можат да дозволат какви било поделби во алијансата да го одвлечат вниманието од надворешните непријатели. Според Би-Би-Си, Стармер ќе разговара за ставовите на европските лидери кога ќе го посети Трамп во Вашингтон.

Трамп во петокот рече дека Стармер планира да ги посети САД во наредните недели и дека ќе се сретне со него.

Share This Article