Background

Хрватската пејачка запеала во црква и во ресторан додека го тера одморот на Карипските острови

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Се чини дека дури ни Карибите не можат да ја задржат Нина Бадриќ само како гостин бидејќи нејзината вечера во еден од рестораните за време на одморот на Карипските острови,  брзо се претворила во настап и таа запеала пред воодушевените гости на ресторанот.

- Advertisement -
Ad image

Хрватската музичка дива Нина Бадриќ уште еднаш покажа дека нејзиниот глас се препознава – каде и да се појави. Деновиве таа престојува на Карибите, каде што сосема обична вечера во ресторанот завршила со спонтан настап пред бројните гости на кои, како што велат и во коментарите под нејзината објава, им ја разубавела вечерта.

Имено, Нина сподели видео на социјалните мрежи во кое пее пред воодушевената публика, откривајќи како сето тоа се случило сосема неочекувано.

 

– Исто како што фудбалот е судбина на фудбалерот, музиката е мојата муза.

Синоќа, обична вечера се претвори во претстава, но само да знаете…
Луѓето ме препознаа како „тоа е онаа што пееше во црква пред некој ден“.
На барање на карипската публика…Нинааа Бадриќ… – напишала Нина покрај видеото кое брзо собра бројни позитивни коментари и реакции од фановите.

Инаку, претходно во текот на оваа недела таа присуствувала на миса во црква на Карибите, каде што пеела и кадешто се запознала со свештеник од Хрватска.

– Кога ќе најдете црква на остров и ќе одите на неделна миса.
Кога ќе сретнете свештеник од Хрватска на миса!
Кога спонтано ќе запеете на миса…. пишува таа покрај видеото од нејзиниот настап во црквата.

Погледнете како изгледало тоа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation