Background

Хрватите и денеска успешно ги бојкотираа маркетите

Значителен број граѓани на Хрватска и денеска учествуваа во општиот бојкот на продавниците и услугите поради високите цени, покажуваат најновите податоци на Даночната управа.

Бројот на издадени фискални сметки во малопродажбата од полноќ до 15 часот е намален за 31 отсто, додека вкупната вредност на издадените сметки е за 42 отсто во споредба со петокот, 17 јануари, кога немаше бојкот.

Во однос на претходниот петок, 24 јануари, кога се одржа првиот еднодневен бојкот, денеска бројот на издадените сметки во малопродажбата е за 18 отсто поголем, а вкупната вредност на прометот е за 15 отсто повисока.

- Advertisement -
Ad image

Платформата за заштита на потрошувачите „Ало, инспекторе“ денеска повторно повика на бојкот на сите продавници, производи и услуги поради високите цени.

Одзивот на граѓаните е евидентен низ празните продавници и трговски центри во Загреб, а фотографии од празни маркети низ целата земја се објавуваат на хрватските портали и на социјалните мрежи на „Ало, инспекторе“.

Дополнително, во тек е седумдневен бојкот на трговските синџири Лидл, Еуроспин и ДМ, бидејќи нивните цени во Хрватска се повисоки отколку во другите земји на ЕУ.

Исто така, потрошувачите одлучија да бојкотираат три производи, чии цени значително се зголемиле – газирани пијалаци, флаширана вода и сите видови детергенти.

Бојкотот доби поддршка од здруженија на потрошувачи, политички партии, синдикати и од Владата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation