Христијаните го прославија Водици во сите градови и села

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Православните христијани денеска масовно го прославија големиот  празник  Богојавление – Водици. Традивионално, во сите епархии се организираше осветување на водите и положување на Светиот крст.

Верниците кои денеска ги фатија крстовите добија бројни честитки од илјадниците верници и желби за здравје, среќа и благосостојба.

Триесет и деветгодишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим. Чинот на осветување прв пат во Струга го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Покрај големиот број верници, на манфестацијата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљаноска Давкова, министри, пратеници и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Голабоски, кој по петти пат го фаќа светиот крст во Струга посочи дека чуството е прекрасно и посака секој стружанец да го почуствува.

– Како и на секој стружанец, најголема желба ни е да го фатиме крстот. Чуството е преубаво и поскаувам секој да го осети. Светиот крст носи среќа секоја година без разлика дали ќе го фатиш – изјави Голабоски.

Поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан во своето обраќање пред присутните верници изрази задоволство што се наоѓа покрај, како што рече недопирливиот Црн Дрим. Пред присутните порача да му благодариме на Бог што сме удостоени како народ да се радуваме на денешниот спасоносен настан од реката Јордан, и што сме дел од торжественото празнување, како меѓу нашиот народ, така и меѓу сите православни народи кои се раководат по Јулијанскиот календар.

– Восхитени од неописливата убавина, ве повикувам за миг одовде со мислите да се пренесеме на Богоблагословениот брег на реката Јордан, чии води се удостоија да го примат синот Божји, спасителот на светот. За и ние денес да го слушнеме и да го примиме гласот Господе кој е над водите и не повикува да пријдеме и да го примиме духот на премудроста, разумот и стравот Божји. Да го примиме Христа кој се јави, како што денес пее светата црква – рече г.г. Стефан.

Кумот на манифестацијата, Ивица Томовски посака здравје и среќа и секој кој има можност да се пријави.

- Advertisement -
Ad image

– Чуството е неописливо. Посакувам да сме по обединети, посреќни и порадосни, да не водат духовните вредности. Ние како кумови годинава подаривме топла ракија и греано вино за присутните, на фаќачот на чесниот крст му подаривме златно ланче со крст и бањарка – изјави Томовски.

Покрај стотиците верници кои скокаа во реката Црн Дрим со желба да го фатат светиот крст, голем беше бројот и на оние кои симболично влегоа во осветените речни води да се искапат за здравје.

- Advertisement -
Ad image

Преспанско-пелагониската епархија заедно со општините Битола и Ресен го одбележаа големиот христијански празник Богојавление, Водици.

Традицијата продолжи во сите храмови на епархијата, а централната свеченост се одржа во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде света Весилиева Литургија одржа митрополитот г. Петар.

Годинава најсреќен учесник на Водици е Иван Миовски од Битола кој чесниот крст го фати во водата од базенот на црквата „Свети Великомаченик Димитриј“.

Во туристичката населба Отешево, по осветувањето на водите на Преспанско Езеро, најсреќен учесник беше Марио Павловски.

Во Куманово крстот го фати  Јован Илиевски.

„Утрово заедно со претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска присуствувавме на литургија по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Соборниот храм Свети Никола во Куманово, каде е организирано традиционално фрлање на светиот крст во присуство на многубројни верници. На најсреќниот му посакавме здравје, среќа и успех во иднината, а од името на Општина Куманово му врачивме и подарок“, напиша градоначалникот Максим Димитриевски.

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот Расадник, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди.

Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление – Водици и годинава започна со литија од храмот Свети Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во Кисела Вода, збогатена со песните од КУД „Китка“.

„Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден. Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство. Му благодарам и за големиот гест наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во Ѓорче Петров крстот од реката Вардар го извади Давид Стаменов, а од реката Лепенец, Стефан Ѓоргиевски.

„Бог се јави! Денес, кога го славиме Богојавление-Водици, се потсетуваме на величествениот момент кога Господ Исус Христос беше крстен во реката Јордан, потврдувајќи ја силата на верата и благословот што го носи овој ден. Овој ден е важен не само за неговото верско значење, туку и за нашиот народ, кој се сплотува во заедничка молитва и празнична атмосфера. Водите се осветени, а со нив се лекуваат душите на сите верници. Особена благодарност до свештенството кое го предводеше овој настан и на сите оние кои со своето присуство и молитви беа дел од литијата, давајќи значење и величина на овој свечен ден“, порача градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Share This Article