Најмалку 12 лица се повредени откако граната била фрлена во кафуле во градот Гренобл во југоисточна Франција.
Напаѓачот влегол во кафуле полно со луѓе и фрлил граната, по што побегнал без збор, изјави обвинителот Франсоа Туре-де-Курси.
Инспекторите се уште не го знаат мотивот, но не веруваат дека станува збор за терористички напад, пишува Гардијан.
Судијата Кристоф Барет рече дека напаѓачот се чини дека носел автоматска пушка од типот калашников, но не ја користел. Неколку од ранетите се во критична состојба.
„Најостро го осудувам овој криминален чин на екстремно насилство“, напиша градоначалникот Ерик Пиол на X, заблагодарувајќи им се на итните служби за нивната работа.
Полицијата потврди дека експлозијата била предизвикана од фрлена граната.