Топ Вести - Слушај сега
Хјуман равјтс воч (HRW) го обвини Израел за нелегална употреба на бел фосфор во напад врз станбена област во јужен Либан минатата недела, јавува ДПА.
Во извештај објавен денеска организацијата соопшти дека успеала да потврди и географски да лоцира седум снимки.
Запаливите својства на белиот фосфор можат да бидат фатални или да предизвикаат сериозни повреди со доживотни симптоми.
„Незаконската употреба на бел фосфор од страна на израелската војска над станбените области е исклучително алармантна и ќе има сериозни последици за цивилите“, рече Рамзи Кајс, истражувач за Либан во ХРВ, пренесе германската агенција.
Израелската војска првично не го коментираше обвинувањето.
Белиот фосфор се пали при контакт со кислород во воздухот и продолжува да гори сè додека не остане ништо од него или не се прекине снабдувањето со кислород.
Дополнителен протокол на Женевските конвенции за меѓународно хуманитарно право забранува употреба на фосфорно оружје ако постои ризик дека првенствено ќе влијае на цивилите.
Пред нападот на 3 март, израелската војска го повика цивилното население да се евакуира и да остане на најмалку 1.000 метри од областа на нападот, покажува извештајот на ХРВ.
ДПА не можеше да потврди дали луѓето во областа биле повредени од белиот фосфор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
