Background

Хамас ги објави имињата на тројцата заложници што ќе бидат ослободени в сабота

Групата Хамас ја известила израелската власт за имињата на тројцата заложници кои утре треба да бидат ослободени од заробеништво, објави британски Гардијан.

Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека детален одговор ќе биде даден по проверката на списокот и по информирањето на семејствата.

Тројца мажи се очекува да бидат ослободени од заробеништво, по завршувањето на ослободувањето на жените цивили и војници кои ги држат Хамас и другите терористички организации во Појасот Газа.

- Advertisement -
Ad image

По насилните инциденти за време на вчерашното ослободување на Арбел Јехуд и Гади Мозес, Израел побара од посредниците да спречат повторување слични сцени и насилство што ги загрозува животите на заложниците.

Претходно, израелската затворска служба го потврди ослободувањето на 110 палестински затвореници, објави британски Гардијан.

Според службата, дел од затворениците се ослободени од затворот „Офир“ кај Рамалах, додека, пак, другите од затворот „Кезиот“ во Јужен Израел биле префрлени на преминот Керем Шалом, во близина на границата со Египет.

„Затворските сили работат на ослободување на терористите во согласност со дипломатскиот договор за враќање на заложниците, во целосна координација со сите безбедносни служби“, се вели во соопштението на Затворската служба.

Откако вчера Хамас ослободи тројца Израелци и петмина тајландски заложници, при што примопредавањето на заложниците на Црвениот крст помина во тензична атмосфера, Израел реагираше и го стопираше ослободувањето на палестинските затвореници.

Во Рамалах, илјадници луѓе ги пречекаа поранешните затвореници, кревајќи ги на раменици во празнична атмосфера.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation