Гвин ѝ посакал на постара жена да умре до следните избори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за здравство на Обединетото Кралство, Ендрју Гвин, доби отказ поради навредливи коментари, дадени на социјалните мрежи, објави британски Гардијан.

Гвин ѝ посакал смрт на пензинерка која не гласала за него, а се шегувал и на сметка на црномурестите лица и на Евреите.

– Премиерот Кир Стармер е решен да одржува високи стандарди на однесување во јавниот сервис и да води влада која им служи на луѓето работници. Тој нема да се двоуми да преземе мерки против секој министер кој нема да ги исполни тие стандарди, како што направи во овој случај – рече владиниот портпарол.

50-годишниот министер за здравство и пратеник од Лабуристичката партија, одговорил многу грубо на барањето на пензионерка. 72-годишната жена го замолила министерот да го реши прашање поврзано со отпадот. Нејзината порака се појави на група на „Вотсап“.

„Драга жителке, по ѓаволите со твоите канти за отпадоци. Јас бев реизбран и без твојот глас. Оди во пеколот. Се надевам дека ќе умреш до следните избори“, одговори Гвин на ова нејзино барање.

Министерот му кажал и на еден човек дека неговото име „звучи премногу еврејски“ и премногу „милитаристички“, а потоа го прашал дали е член на „Мосад“. Гвин, исто така, како што пренесува Гардијан, дал непристојни коментари за пратеничката на Лабуристичката партија Дајан Абот, првата црна жена избрана во британскиот парламент.

Исто така, пратеникот од Лабуристичката партија, Оливер Рајан, треба да се сретне со шефот на владата за да одлучи за какви било санкции поради неговото членство во групата на „Вотсап“ во која имало расистички, сексистички и други навредливи коментари, објави британски Гардијан.

Пратеникот веќе се извинил што не оспорил некои од коментарите дадени во групата, во која биле вклучени група советници и функционери од Лабуристичката партија освен Ендрју Гвин.

Ендрју Гвин, исто така, се извини за своите навредливи коментари на социјалните мрежи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article