Background

Гувернерот Трајко Славески смета дека е рано да се почувствуваат првите ефекти од воведувањето на американските царини кои засега за Македонија изнесуваат 15%

Гувернерот Трајко Славески смета дека е рано да се почувствуваат првите ефекти од воведувањето на американските царини кои засега за Македонија изнесуваат 15%. Како што рече денеска, со оглед дека ваквата одлука е донесена „буквално пред некој ден“, допрва ќе се прават потребните анализи.

– Сè уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и проценките на САД се, зашто и кај нив ќе има влијание, дека по пет-шест месеци ќе може да ги почувствуваат првите ефекти. Царинските стапки се буквално од пред некој ден. Треба да направиме анализи, да видиме во која мерка тоа би влијаело, сега немам прецизен податок за тоа – нагласи Славески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Одлуката на САД според која македонските производи ќе се царинат за плус 15%, стапува во сила денеска, а беше донесена на 1 август. Царина од 15% САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15% ќе бидат и производите од Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35%, од Босна и Херцеговина со 30%, а најниска царина ќе имаат Албанија и Црна Гора, 10%.

- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски очекува царините од САД за Македонија да паднат под 15%, зашто, како што изјави пред една недела, преговорите продолжуват во втората половина од август, по летните одмори. Министерството за финансии смета дека царините може да се намалат до 10%, а според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, до крајот на септември треба да се знае која царинска стапка ќе биде дефинирана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation