Гувернерот на Народната банка Трајко Славески истакна дека охрабрува фактот што податоците за инфлацијата во август се поповолни од оние во јули и се надева дека тој тренд ќе продолжи.
– Имавме за 0,4 процентни поени на годишна основа, намалување месец за месец и мислам дека овој тренд ќе продолжи. Ние ќе постапиме соодветно на околностите и она што се сѐ уште предизвици од аспект на движењето и на базичната инфлација и за некои непредвидливи шокови во иднина – појасни Славески.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Народната банка размислува за намалување на основната каматна стапка, со оглед дека Американските федерални резерви ја намалија минимално каматата, гувернерот рече дека ние се раководиме од состојбите што се присутни во нашата економија.
– Сосема се различни околностите. Ние се раководиме од состојбите што се присутни во нашата економија, проценките, проекциите, движењето на стапката на инфлација – рече Славески.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖