Background

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор во насока на намалување на банкарските провизии

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор во насока на намалување на банкарските провизии.

- Advertisement -
Ad image

-Големите банки не само што ги намалија провизиите во висина на намалените давачки, туку дополнително ги намалија и за 15, 20, па дури и 30%, откажувајќи се од дел од сопствената заработувачка. Постои јасна тенденција на намалување на провизиите – вели Славески.Воедно, тој најави дека наскоро се очекува донесување на измените на Законот за платежни услуги, со кои значително ќе се прошират функциите на основната платежна сметка, во интерес на граѓаните.

Со законските измени, како што велат од Народната банка, ќе се овозможи дозволено пречекорување на основната платежна сметка, нејзино користење и од лица кои веќе имаат други сметки, проширување на пакетот бесплатни услуги во интерниот и меѓубанкарскиот платен промет, како и до четири бесплатни подигнувања готовина месечно од банкомати на други банки.

Дополнително, Народната банка предложи и приспособен пакет за микро трговците, со цел поттикнување на финансиската вклученост и натамошна дигитализација на плаќањата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation