Грузиските власти користеле водени топови наполнети со хемиско средство познато како „камит“ – токсична супстанца која Франција ја употребувала во Првата светска војна

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Истражување на Би-Би-Си откри дека грузиските власти користеле водени топови наполнети со хемиско средство познато како „камит“ – токсична супстанца која Франција ја употребувала во Првата светска војна.

Се верува дека хемикалијата, позната по долготрајните ефекти врз кожата и дишењето, повторно била активирана на улиците на Тбилиси минатата година.

Повеќе експерти за хемиско оружје, меѓу кои и професорот Кристофер Холстег, потврдија дека симптомите кај демонстрантите се совпаѓаат со изложеност на бромобензил цијанид – токму агенсот што се крие зад името „камит“.

– Симптомите се премногу силни за да се објаснат со обичен солзавец – изјави Холстег за Би-Би-Си.

Агенс десетпати појак од солзавец

Според истражувањето објавено во научното списание „Toxicology Reports“, кај 69 лица биле забележани абнормалности во срцевата електрична активност. Еден од свиркачите од интервентната полиција тврди дека топовите биле полнети со „агенс десет пати појак од солзавец“.

Би-Би-Си дошол до полициски документи од 2019 година каде биле наведени две супстанци: трихлоретилен (UN1710) и бромобензил цијанид (UN3439). Вториот е токму „камит“ – средство повлечено поради високата токсичност и забрането според меѓународните конвенции.

„Горам со денови“

Педијатарот и активист Константин Чакунашвили раскажа дека по ударот од водениот топ, кожата му горела „со денови“.

Половина од 350 испитани лица пријавиле долготрајни симптоми: кашлица, замор, отежнато дишење и повраќање.

Руски соништа, странски агенти

Грузиските власти ги нарекоа наодите на Би-Би-Си „длабоко несериозни“ и тврдат дека полицијата постапувала во рамките на законот. Протестите на булеварот Руставели во Тбилиси, иако помали по број на учесници, сè уште се одржуваат речиси секојдневно, со барање за оставка од владата обвинета за изборни малверзации и политичко фаворизирање на Русија.

- Advertisement -
Ad image

Владејачката партија Грузиски сон ги отфрли тврдењата дека ги поддржува руските интереси и наведе дека законските промени се насочени кон „јавно добро“.

Законот предложен од Грузиски сон бара невладините организации и медиуми кои добиваат повеќе од 20% од финансирањето од странство да се регистрираат како „организации под надворешно влијание“.

Share This Article