Групите за човекови права ја осудија одлуката да се блокира влезот на многу потребната храна, гориво и лекови, обвинувајќи го Израел дека го користи гладот како воено оружје, објави Ал Џазира Балканс.
Ова е четврти ден од блокадата на Израел за влез на каква било стока и хуманитарна помош во Газа, додека договорот за прекин на огнот е во застој.
Обединетите нации наведуваат дека цените на храната се зголемени повеќе од двојно. Групите за човекови права ја осудија одлуката да се блокира влезот на многу потребните храна, гориво и лекови, обвинувајќи го Израел дека го користи гладот како воено оружје.
Палестинците стравуваат дека гладот ќе се врати во Газа доколку војната продолжи.