Групацијата БМВ (BMW) се подготвува за револуција во продажбата на автомобили

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Групацијата БМВ (BMW) се подготвува за револуција во продажбата на автомобили. Од 2027 година наместо да продава автомобили преку класични овластени дилери, компанијата планира да го воведе моделот на агенциска продажба..

Ваква продажба компанијата почна да тестира  од 2024 година со продажба на  брендот „мini“. На почетокот на 2024 година почна агенциска продажба во Италија, Полска, Шведска, Норвешка и Финска. Во октомври минатата година, следеа и други пазари, вклучувајќи ја и Германија.

-Во 2027 година BMW ќе го префрли својот систем за продажба на автомобили на агенциски модел – потврди Јохен Голер, член на менаџментот задолжен за продажба, во интервју за Automotive News.

Според него, по досегашните позитивни искуства, компанијата е „уште поубедена“ дека продажбата на автомобили преку агенти е вистинскиот пристап.

Во агенцискиот модел, партнерските компании повеќе не дејствуваат како класични трговци, туку само како посредници – агенти – помеѓу производителот и купувачот. Тие не создаваат сопствена залиха на возила. Целта е да се поедностави продажбата, што не само што постигнува финансиски заштеди за концернот, туку и ја намалува потребата од големи изложбени салони.

Предности за производителот: тој ја задржува контролата врз конечните цени, а агентите добиваат пониски провизии. Сепак, производителот ги презема и ризиците што ги имал трговецот претходно – на пример, финансирање на изложбени и тест возила.

Клиентите ќе имаат корист од поголема транспарентност на цените и дигитализиран процес на купување. Производителот тврди дека има поддршка од своите претходни партнери во продажбата – според Германското здружение на дилери на BMW, соработката била партнерска и конструктивна.

Share This Article