Топ Вести - Слушај сега
Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој утрово беше приведен на граничниот премин „Блаце“ по враќањето во земјава, е спроведен во притворското одделение во „Шутка“, потврдија од МВР.За Груби претходно беше определена мерка 30-дневен притвор во отсуство, бидејќи не им беше достапен на органите на прогонот. По приведувањето, тој е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“, познат како „Шутка“.
Од Основно јавно обвинителство Скопје информираат дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни информации околу понатамошниот тек на постапката и неговото изведување пред јавен обвинител.
Груби, заедно со поранешниот директор на Државна лотарија Перперим Бајрами, е осомничен во предмет што се однесува на наводни проневери при набавка на ВЛТ апарати. Истрагата ја водат надлежните обвинителски органи.
Tagged as:
Груби е спроведен во притворското одделение во „Шутка“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
