Топ Вести - Слушај сега
Грција од 1 јануари ја запре продажбата на цигари и тутун во фри-шопот на граничниот премин Евзони, а властите објаснија дека цигарите и тутунот нема да бидат вратени во понудата бидејќи цените речиси се изедначиле со цените во Грција.
Досега, фри-шопот во Евзони беше популарна станица за патниците кои сакаат да заштедат на цигари и на тутунски производи.
Одлуката доаѓа во време кога вниманието во регионот е сè повеќе насочено кон хармонизација на цените на акцизните производи и борбата против шверцот и нелегалната продажба на тутун. Патниците кои планираат да патуваат низ овој премин ќе мора да се навикнат на новите цени, кои веќе нема да бидат поттик за купување преку границата.
Во изминатиот период вакви цигари без бандероли (без платена акциза), со написи на англиски, завршуваа на тезги во повеќе градови во земјава. Сомневањата беа дека „изворот“ на овие цигари на македонскиот пазар се грчките фришопи на граничните премини Евзони (Богородица), Дојран и Ники (Меџитлија).
Tagged as:
Грција ја запре продажбата на тутунски производи на граничниот премин
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
