Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека од 10 до 16 март се регистрирани 11.062 случаи на заболени слични на грип, со среден интензитет на активност на вирусот на грип и широка географска распространетост.
Во оваа извештајна недела, највисоки стапки на инциденца се забележани во возрасните групи на деца под четири години, а потоа во возрасната група од пет до 14 години.
Бројот на заболени од акутни респираторни инфекции во Србија во 11-та извештајна недела изнесува 12.138, што претставува намалување за 13 отсто во однос на претходната недела.
Во оваа сезона на надзор лабораториски се потврдени вирусите на грип тип А (H1)pdm09, AH3, A нетипизирани и тип Б, додава Батут.