Реториката што сега ја користи Курти, тврдејќи дека е близок со САД е апсолутно лажна. Не се залажувајте, вели Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател за специјални мисии, на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Тој упати остри критики кон косовската влада на Албин Курти, нарекувајќи го премиерот недоверлив и додаде дека со неговите активности го дестабилизра регионот.
Гренел во објавата вели дека администрацијата на Трамп и во претходниот мандат работела за мир за сите на Балканот и оти така ќе продолжи и сега.
„Имам многу пријатели во Косово и Албанија…и многу пријатели во Србија и во целиот регион. Но, ни требаат доверливи партнери“, пишува Гренел во објавата на неговиот профил на Икс.
Тој пишува дека и републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за преземање унилатерални активности кои го дестабилизираат регионот.
„Меѓународната заедница е обединета против Курти “, вели Гренел.
Тој во објавата истакнува дека американските компании се прошируваат во Албанија и во Србија, но тоа не е случај со Косово токму поради Курти.
Курти, додава Гренел, исто така, беше против секоја американска идеја понудена од претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и од Трамп.