Background

Грчките земјоделци ќе протестираат до полноќ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време), грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertisement -
Ad image

Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, односно 23 часот по македонско време, и како и досега, ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси.

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, според информациите на МИА, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

На ГП Ники (ГП Меџитлија), како што соопшти АМСМ, има забрана за движење товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.

Вчера претпладне, земјоделците во цела Грција ја почнаа најавената 48-часовна блокада во целата земја, меѓутоа по новата покана за дијалог и средба упатена од владата, решија да повлечат дел од блокадите што се на споредните патишта, но сепак тракторите остануваат паркирани на автопатиштата.

Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, вчера упати покана до земјоделците во вторник да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но со два предуслова: прво, делегацијата на земјоделците да ги претставува сите блокови и, второ, дијалогот да се одржи со отворени патишта.

Владината покана ја прифатија земјоделците, а утре напладне ќе одржат состанок со учество на претставници од сите блокови за да ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги иницираат на состанокот.

Грчката влада во средата детаљно ги објасни мерките за земјоделците, а ставот е дека нема простор за дополнителни мерки за поддршка.

Протестите на земјоделците во Грција почнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation